Хорхе Македа (31) им ги скрши срцата на навивачте на Пик Сегед откако решил да потпише договор со најголемиот ривал на овој клуб, Веспрем. Трансферот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната.
Македа во неделата ја освои европската титула со Шпанија. Беше еден од клучните играчи на „црвената фурија“ во победата над Хрватска 22:20.
Десниот бек во Пик Сегед се пресели пред 18 месеци откако му заврши договорот со Вардар. Со црвено-црните, Македа во 2017 година ја освои Лигата на шампионите.
Трансферот на Македа го потврди и Веспрем.