Македонија заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде коорганизатор на Европското ракоемтно првенство во женска конкуренција во 2022 година. Иако за ова се уште нема потврда од европската куќа на ракометот, кандидатурата ќе биде прифатена бидејќи на конкурсот овие три земји немаа против кандидат.
Европската ракометна федерација официјално ќе го соопшти името на домаќинот на Европското првенство во 2022 година во наред 2018.
Македонија еднаш веќе беше домаќин на континеталниот шампионат за ракометарки. Во 2008 година натпреварите се играа во Скопје и Охрид.
фото/http://macedoniahandball.com.mk