Top Sport

Македонија може да ја сопре германската ракометна „машина“

Македонија се наоѓа пред најголемиот предизвик досега на Европското првенство во Хрватска, откако во 18.15 часот се среќаваме со актуелните шампиони Германците, во атмосфера на судиска неправда на Евро 2018, и тоа во корист на „панцерите“.

„Четата“ на Раул Гонзалес веќе оствари повеќе од очекуваното во Загреб, победувајќи ги во тесни и интересни натпревари Словенија и Црна Гора и „визата“ за втората рунда е веќе обезбедена благодарение на потта и напорот на нашите спортски херои, но и стратешкото водство на шпанскиот тренер.

Против Германија ќе се бориме да добиеме максимални четири поени во втората рунда, каде што веќе не чека моќната Шпанија, а за преостанатите две места ќе се борат Данска, Чешка и Унгарија. Со четири поени во втората рунда, фантазијата на македонските фанови секако веќе ќе гледа можен медал, за најголем успех на македонскиот машки ракомет.

Но, чекор по чекор. Прво мора да се поминат Германците. Тим кој дојде во Хрватска со голема репутација и со моќен состав, но на крајот мораше со помош на судиите да „извлече“ реми против Словенија, во меч кој предизвика голема дискусија и закани од словенечкиот тим за повлекување.

Германскиот селектор Кристијан Прокоп, реши да ја засили одбраната пред мечот со Македонија, враќајќи го Фин Лемке во тимот, кој беше лидер на дефанзивата под водство на претходниот на Прокоп, Дагур Сигурдсон и гарант на сензационалната победа пред две години.

„Сакам да тимот да му дадам физичка сила за голманите да се чувствуваат посигурни“, откри Прокоп.

Scroll to Top