Top Sport

Македонското дерби во СЕХА ќе има и хуманитарен карактер

Натпреварот меѓу Вардар и Металург е закажан за в сабота во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, покрај натпреварувачки ќе има и хуманитарен карактер. Имено, приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети а Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж.

Момчето боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

На влезот на салата ќе бидат поставени и кутии за донирање на пари кои исто така ќе бидат наменети за лекувањето за Борче Јовановски. Имателите на сезонски билети ќе можат бесплатно да го следат натпреварот, но ќе можат и да купат билет или пак да донираат пари.

Цената на билетите за македонското дерби во регионалната СЕХА лига Вардар – Металург ќе бидат по цена од 50 денари.

Дуелот против Металург ќе биде последен за Вардар пред домашната поублика оваа година.

Scroll to Top