Top Sport

Манасков одличен, Веспрем останаа без титулата во Унгарија

Ракометарите на Пик Сегед се новите шампиони на Унгарија. Пик Сегед успеа да го победи два пати фаворизираниот Веспреп. По победата од 31:28, во првиот меч, во вториот Пик Сегед победија во Веспрем со 37:36 и ја освоија четвртата титула во клупската историја.

Тимската игра на Пик Сегед, беше клучна да се фрли на колена тимот чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Во вториот меч, Пик Сегед, ја контролираа играат и резултатот, од првата до последната секунда. Веспрем, ниту еднаш не водеа, а само два пати успеаја да дојдат до израмнување (33:33 и 35:35).

Манасков со седум гола беше вториот најефикасен играч кај Веспрем, два гола повеќе постигна Мае.

Победниците ги предводеа Радивојевиќ со шест, односно Бомбач, Каспарек, Канелас и Шоштарич со по четири гола.

Scroll to Top