Тиражниот шпански весник „Марка“ тврди дека десниот бек на РК Вардар Хорхе Македа по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Германија.
Шпанскиот репрезентативец во Вардар дојде од Нант во 2015 година, а неговиот договор истекува во јуни 2018 година.
„Марка“ објави дека неколку германски тимови се заинтересирани за Македа, а најсериозен интерес покажувал шампионот Рајн Некар.
Според истиот извор Македа ќе го напушти Скопје и ќе се пресели во Германија за да биде поблиску до својата сопруга, Агилар Макарена, која исто така е ракометарка и која играза германски Турингер.
Засега е јасно дека наредната сезона во Вардар ќе ги нема Лука Циндирќ кој уште пред почетокот на сезоната потпиша со Киелце, потоа Арпад Штербик кој минатата недела се договори со Веспрем и тренерот Раул Гонзалес кој во четвртоткот потпиша три годишен договор со финансиски најмоќниот клуб, Пари Сен Жермен.