Top Sport

Мечките го „гризнаа“ Металург

Металург на домашен терен пропушти шанса да ја запише третата победа во Лигата на шампионите откако дозволи последнопласираниот руски тим Чеховски медведи да стигне до 26:29 победа за прв триумф во ЛШ оваа сезона.

Македонскиот вице-шампион беше на „лева нога“ од стартот на мечот во арената „Борис Трајковски“, дозволувајќи гостинот да води во текот на целиот меч и да има дури пет позитива по полувремето (12:17).

Со овој пораз, тимот на Александар Јовиќ останува на третото место во групата Д со 2 победи, 1 реми и 3 порази, зад Монпелје, кој вчера минимално го победи Спортинг (33:32) и украинскиот Мотор Запорожје, кој со 28:22 во саботата беше подобар од тимот на македонските репрезентативци Филип Лазаров и Немања Прибак, Бешикташ со 28:22.

Томовски на голот на Металург имаше 11 одбрани, додека во Анѓелиќ постигна  5 гола, а Пешевски уфрли 4.

Во следното коло, Металург повторно е домаќин и го пречекува во Скопје, лидерот Монпелје, кој нема пораз по шест кола.

Scroll to Top