Top Sport

Металург бара одложување на натпреварот со Висла

Ракометниот клуб Металург ќе побара одложување на дуелот со Висла во Лига Европа. Еден ракометарите бил позитивен на коронавирусот, поради што целиот тим ќе биде во 14-дневен карантин.

Ракометарот бил во контакт со целиот тим за време на гостувањето на Металург во Тулуз, во Лига Европа.

“Поради втор позитивен случај целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“, изјавила за клупската интернет страница, претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

фото/rkmetalurg.mk

Scroll to Top