Ракометарите на Металург со победа го стартуваа вториот дел од сезоната. Во неделата, Металург во СЕХА лигата ја победи Војводина 30:26 (21:9).
Младиот тим на Металург одигра спектакуларно во првото полувреме во кое го декласира противниот од Нови Сад. Како по ноти играа избраниците на Александар Јовиќ, цврсто во одбраната, течно во нападот и резултатот по 30 минути игра беше 21:9.
Во второто полувремеметалурзите го намалија ритамот и му овозможија на противникот да избори поднослив пораз.
Халил Јагањац со осум гола го предводеше Металург, а по три гола постигнаа Кузмановски, Серафимов и Илиќ.