Top Sport

Милосављев: Сонував со отворени очи

Во Вардар дојде како анонимус, а од од клубот замина како најдобриот голман во Лигата на шампионите. Дејан Милосављев е најголемото откритие во Лигата на шампионите, во сезоната кога Вардар направи неверојатен успех и втор пат во историјата се искачи на ракометниот трон.

Репрезентативецот на Србија, поради финансиската криза, по само една сезона заминува од Скопје. Кариерата ќе ја продолжи во екипата на Фуксе Берлин.

Милосављев на социјалните мрежи со емотивна порака се збогува од клубот и навивачите.

„Една година во мојот живот, во еден од најголемите клубови во светот што не може да се опише. Ти благодарам Вардаре! Во срце те носам. Благодарност до совршениот тим кој толку многу ми даде и направи од неме она што сум во моментов! Благодарност до сите луѓе што направивте да се чувствувам убаво и дека сум дел од вас! Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига и Лига на шампиони! Сонував со отворени очи, ви ја посакувам целата среќа на овој свет!“, напишал Милосављев.

Scroll to Top