Металург го одигра претпоследниот меч од регионалната СЕХА-лига, губејќи на гостувањето кај Татран Прешов со 27:19.
Кузмановски и Токиќ имаа по четири гола за Металург, додека по три постигнаа Јагањац и Димитриоски, но не можеа да го спречат домашниот тим да стигне до убедлива победа за да се одвои на три поени од нив на шестото место на табелата.
За Металург останува уште еден меч, на домашен терен против словенечкиот Целје, кој нема некоја резултатска важност – Целје веќе го имаат второто место зад Вардар на табелата во регионалната лига.
Фото: СЕХА лига