Top Sport

Митревски статистички е најдобар голман на ЕП (Видео)

Македонската ракометна репрезентација на Македонија синоќа доживеа тежок пораз од Шпанија 20:31, во првиот меч од втората фаза на Европското првенство. Единствени светли точки во тимот на Раул Гонзалес беа голманите Никола Митревски и Борко Ристовски.

Ристовски во првото полувреме со своите одбрани до 20.минута го држеше приклучоку (5:8). Тој во првиот дел имаше 7 интервенции.

Во второто полувреме на голот застана Митревски, кој спречи уште поголем пораз. Митревски во второто полувреме имаше неверојатни 14 одбрани, четири помалку од шпанскиот голман Перез Де Варгас кој бранеше во текот на целиот натпревар.

Според ЕХФ, Митревски по четири одиграни натпревари, статистички е најуспешниот голман на Европското првенство. Од 66.удари упатени кон неговиот гол тој одбранил 28, односно одбранил 42 отсто од ударите.

Втор на оваа листа е францускиот голман Венсан Жерар со 41 отсто успешност (51/124), трет е Швеѓанецот Микале Апелгрин (42/110, 38 отсто), а на четвртото место е Мартин Галиа од Чешка (33/88, 38 отсто).

Борко Ристовски според статистиката е на 16.место со успешност од 29 отсто (28/95).

Scroll to Top