Top Sport

Момците убедливо против Саудиска Арабија

Македонската ракометна репрезентација успешно го положи првиот „тест“ во подготовките за Европското првенство, откако на пријателски меч во Белград со 37:21 (19:11) ја совладаа репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Во „затворен“ меч, Македонија беше во водство од почетокот до крајот за тимот на Раул Гонзалес да забележи победа за кревање на моралот. Денеска на програмата е дуел со Србија, кој ќе се пренесува, по што продолжуваат подготовките за ЕП во Хрватска, кое стартува на 12 јануари.

Во Загреб, Македонија ќе се „судри“ со Словенија, Германија и Црна Гора во една од најтешките групи на првенството.

Фото: РФМ

Scroll to Top