Поранешниот српски репрезентативец Момир Илиќ (36) ги демантира информациите кои ги објавија медиумте во регионот дека наскоро ќе го облече дресот на унграската репрезентација.
Илиќ репрезентативната кариера во дресот на Србија ја заврши во 2015 година. Најголемиот успех со националниот тим го постигна во 2012 година кога на Европското првенство на домашен терен Србија го освои сребрениот медал.
„По 11 години во националниот дрес репрезентивната кариера ја завршив во 2015 година. Тогаш кажав дека од лични причини повеќе нема да играм за репрезентацијата. Не бев лут, навреден, ниту повреден. Тоа беше еден нормален тек што еден ракометар и спортист ја има кога се ближи кон крајот на кариерата. Одлуката се покажа како исклучително добра за мене, за моето семејство, пријателите и моето здравје. Се обидуваа да ме премислат, но јас останав на својот став. И понатаму мислам дека исправно постапив. Имам голем респект за секоја репрезентација и држава, но јас во 2015 година ставив точка на мојата репрезентативна кариера“, изјавил за „балкан хандбал“ играчот на унгарски Веспрем.