Светското првенство во ракомет во Египет, сепак ќе се игра зад затворени врати, без присуство на публика. Ракометниот Мундијал ќе се одржи од 13. до 31.јануари, а титулата ќе ја брани Данска.
Челниците на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), на состанокот во Истанбул, решиле да ја сменат одлуката, според на натпреварите требаше да има одреден број на навивачи.
Унијата на европски ракометари, минатата недела од ИХФ побараа, натпреварите да се играат без публика. Според нив одлуката на ИХФ, да бидат исполнети 20 отсто од капацитетите на трибините, директно влијае врз здравјето на играчите, тренерите и публиката.
На СП во Египет прв пат во историјата ќе настапат 32 репрезентации. Натпреварите ќе се играат во четири арени. Мундијалот ќе започне на 13.јануари, со натпреварот помеѓу Египет и Чиле.
Во Египет до сега биле забележано 150.000 случаеви на коронавирус, од последиците починале 8.100 лица.