Славе Николов и Ѓорѓи Начески, ќе судат во јануари на Европското првенство во ракомет.
Европската ракометна федерација (ЕХФ), за континенталниот шампионат делегираше судии од 18 држави.
Начески и Николов се меѓу најдобрите во светот. Тие го судеа финалето на Олимписките игри во Токио, го судеа и натпреварот за златниот медал на претходното Европско првенство.