Top Sport

Најдобрата одбрана во историјата на СП?

Шведска ја победи Франција со 32:26 (16:13), во првото полу-финале на 27.Светско првенство во ракомет. Швеѓаните по пауза од 20 години ќе се борат првото место.

Хероите на Шведска против Франција беа голманот Андрес Паличка и левото крило Кампус Ване. Паличка на крајот имаше 12 интервенции, а Ване постигна 10 гола, четири од седум метри.

Палчика беше прогласен за играч на натпреварот, а ракометниот свет се восхитува на неговата одбрана во последната секунда од првото полувреме. Голманот на Шведска, со неверојатна одбрана, го спречи Велентин Порт да ја намали предноста на Шведска на два разлика.

 

Scroll to Top