Top Sport

Најлоши трансфери во сезоната – На врвот се тројца од Веспрем

Специјализиранот ракометен портал „Handball-Planet.com“, традиционално на крајот од секоја сезона, прави листа на најлошите трансфери во светот.

На врвот на оваа листа се наоѓаат тројца играчи на Веспрем, клуп кој доживеа дебакл оваа сезона. Веспрем не успеа да ја одбрани домашната титула во Унгарија и не стигна до завршниот турнир во Лигата на шампионите.

На првото место трансферот на поранешниот играч на Вардар, Хорхе Македа, кој од Пик Сегед пристигна во Веспрем, на второто е Николај Маркусен кој во Унгарија се пресели од Силкеборг, а трет е екс играчот на Вардар, Данил Шишкарев.

Четвртото место му е доделено на Марко Вујин, кој неколку месеци играше во Вардар.

Следуваат трансферите на Штефен Фет (Рајн Некар во Ерлаген), Хосе Толедо (Вардар во Баја Маре), Метју Грбиј (Монпелје во ПСЖ), Лукас Нилсон (Кил во Рајн Некар), Павел Пачковски (Веспрем во Мешков Брест), Давид Фернандес (Адемар Леон во Висла).

Scroll to Top