Top Sport

Нант на Лазаров со важна победа против ПИК Сегед, 29-26

Ракометарите на Нант попладнево го совладаа унгарскиот шампион ПИК Сегед со 29-26 во натпревар од ракометната ЛШ и го минаа Фленсбург на табелата во групата Б.

Нант, кој е сега трет на табелата, првпат на мечот поведе по 20 минути игра, 8-7. На полувреме францускиот тим отиде со 13-11.

Унгарскиот шампион во вториот дел се обиде да направи пресврт, но Нант не дозволи изненадување, па на крај мечот заврши со 29-26.

Македонскиот капитен, Кире Лазаров немаше своја вечер, па мечот го заврши со два гола од шест обиди.

Најпрецизен кај победниците беше Шпанецот Ривера со 8 гола, а пивотот Турна даде 6 гола.
Кај гостите Сигурмансон беше најпрецизен со 6 погодоци.

Scroll to Top