Ракометниот клуб Нант, на својата интернет страница, објави дека се повлекува од натпреварите во домашниот Куп.
Нант на овој начин го искажа незадоволството од одлуката на Комисијата за натпревари клубот да ги преигра последните 10 минути од четврт-финалето со Ним.
Клубот чии дрес го носи Кире Лазаров, Минимално ја доби пресметката со Ним 27:26, но поразениот тим по мечот вложил жалба, бидејќи во 48.минута Нант имач осум играчи на теренот.
Комисијата з анатпревари ја прифати жалбата на Ним, наложи да се преиграат последните десет минут, но од Нант информираат дека нема да се појават на теренот.
Тимот на Лазаров на 1.април го игра осмина-финалниот реванш против Мешков Брест во Лигата на шампионите, а францускиот Сојуз наложи последните 10 минути од мечот со Ним да бидат одиграни вечерва од 18 часот.
Инаку, Нант минатата година го освои трофејот во Купот на Франција.