Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Грција.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар.