Златко Сарачевиќ, еден од легендарните хрватски ракометари и тренери, почина на 60-годишна возраст од срцев удар, кој го доби по прославата на победата на неговите Подравка против Локомотива. Сарачевиќ веднаш бил однесен во болница, но по 40 минутна реанимација му немало спас.
Сарачевиќ е роден во Бања Лука и беше дете на академијата на Борац Бања Лука, и беше дел од славниот тим на поранешна Југославија која ја освои светската титула во 1986 година, а по распадот на поранешната држава играше за Хрватска, пред да се пензионира во 2002 година.
Со Хрватска освои бронза на ЕП во 1994 година и сребро на СП во 1995 година, но и беше дел од славната генерација која во 1996 година ја освои олимписката титула во Атланта.
Jako je teško kad odlaze veliki sportaši i ljudi, a naš Zlatko bio je upravo takav… ❤️
Hvala Sarač, hvala na svemu! ?
Posted by Hrvatski rukometni savez on Sunday, 21 February 2021