Top Sport

Невидено во ракометот, доби црвен картон по 30 секунди игри

Звучи неверојатно, но Тијаго Роча ракометарот на Нанси, доби црвен картон по нецели 30 секунди игра.

Португалскиот репрезентативец, во првиот напад на дуелот со Данкерк, направи груб прекршок. Судиите ја прегледаа снимката и му го покажаа патот кон соблекувалната.

За среќа Том Пелај, врз кого беше направен прекршокот, мина без повреда и го продолжи натпреварот. Дуелот заврши со победа на Данкерк 24:23.

Scroll to Top