Црногорците имаат сериозни проблеми пред почетокот на Европското првенство во ракомет. Откако од составот поради повреди отпаднаа специјалистот за одбрана Небојша Симовиќ и левото крило Милош Вујовиќ, неизвесен е и настапот на Милош Божовиќ.
Божовиќ кој игра на две позиции (среден и лев бек) кој не играше на контролниот меч против Македонија, се повредил на дуелот со Словенија, на 4 јануари.
Вчера тој се обидел но не можел да тренира. Медицинскиот тим на Црна Гора објави дека Божовиќ ќе патува со репрезентацијата на ЕУРО 2020, но сигурно е дека нема да го игра првиот меч против Хрватска.
Лекарите ќе се обидат да му ја санираат повредата за дуелите со Белорусија и Србија.
Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска ќе се одржува од утре до 26 јануари.