Полупразната Арена во Загреб на натпреварот помеѓу Хрватска и Белорусија (25:23) е главна тема во медиумите на земјата домаќин на Европското првенство.
Атмосферата во Загреб беше камерна, далеку од онаа во која Хрватите играа во првата фаза во Сплит. На трибините во Загреб имаше околу 6.000 празни места.
Новинарот на државната телевизија (ХРТ), Вики Ивановиќ е еден од оние кои беа разочарани од посетеноста и атмосферата во Арена Загреб.
Тој на својот профил на „Фејсбук“ остави интересен коментар:
„Да беше Цеца, арената ќе беше полна. Срам ми е“, напишал Ивановиќ.
Вториот меч, во втората фаза Хрватска ќе го игра в сабота против Норвешка и мора да победи за да остане во трак за едно од првите две места кои водат во полу-финалето.