Македонската ракометна реперезентација ќе треба да направи „чудо“ во второто полувреме од последниот меч од групната фаза на СП во Полска и Шведска, откако по уште едно многу лошо полувреме, Аргентина има неверојатна предност од 7 гола со 18:11.
Тимот на Кирил Лазаров дојде до водство на стартот на мечот, но потоа целосно ја предаде играта на јужноамериканскиот клуб, кои предводени од Диего Симонет со невидена леснотија го полнеа нашиот гол.
Нападот не функционираше најдобро, со проблеми во креирањето акции, а одбраната беше речиси непостоечка. Да потсетиме, на Македонија и е потребна победа за да стигне до втората рунда. Симонет има пет гола за Аргентина, додека Филип Талески уфрли 3 за македонската репрезентација.