Top Sport

Одлично прво полувреме, Македонија има +3 против Украина

Македонската ракометна репрезентација ја оправдува улогата на фаворит во првиот меч на Европското првенство во Виена, откако по првите 30 минути има предност од 13:10 против Украина.

Мечот започна со внимателна игра на македонската репрезентација, и водевме со 1:0 и со 3:2 со головите на Дејан Манасков и Кирил Лазаров, по што следуваше неефикасна игра на двете репрезентации и се чекаше дури до 12-тата минута, Стојанче Стоилов да зголеми на 4:2.

Добрата игра во нападот и солидната во одбраната значеше зголемување на предноста, прво на 6:3, а потоа и на 10:6 со головите на Танкоски и Талески, пред Украинците да се доближат на 10:9, пред Пешевски и Талески да ја прекинат серијата и да не вратат на 12:9, а Лазаров со својот четврти гол да зголеми на 13:9 искористувајќи го одбранетиот пенал на одличниот Митревски на голот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top