Top Sport

Одлично прво полувреме против Јапонците, првата победа на дофат

Македонија е на добар пат да го започне Светското првенство во Германија и Данска со победа, откако одигра добро прво полувреме против аутсајдерот Јапонија за водство од 18:13.

Предводени од капитенот Кирил Лазаров и Дејан Манасков во нападот и со фантастичниот Борко Ристовски на голот, момците по почетната предност на Јапонците (3:4) направија низа од 4:0 за да ја преземат контролата на мечот. По ова, разликата постојано беше на четири-пет гола, пред во финишот да стигнеме и до +6, пред да дозволиме неколку наивни голови.

Лазаров со седум гола (од кои четири од пенал), повторно капитенски го предводи тимот, додека Пешевски и Стоилов ја „реметат“ одбраната на Јапонците. Разликата можеше да биде и повисока со малку постабилна наша одбрана.

Фото: ЕПА

Scroll to Top