Норвежанката Стине Офтендал е најдобрата ракометарка на 23.Светско првенство кое вечерва заврши во Германија. Титулата на Мундијалот ја освои Франција која во финалето ја совлада Норвешка 23:21.
Офтендал која ја доби МВП наградата, одигра лошо во финалето, постигна само еден гол и тука Норвежаните ќе ја бараат причината за поразот.
Најдобар стрелец на Мундијалот е Нора Мерк (Норвешка) со 66 гола, од кои седум постигна во финалниот меч.
Во идеалната постава на шампионатот има по две ракометарки на Норвешка, Франција и Холандија и една на Шведска.
Голман: Катрин Лунде (Норвешка)
Лево крило: Сираба Дембеле (Франција)
Лев бек: Лоис Абинг (Холандија)
Среден бек: Грејс Зоди (Франција)
Десен бек: Нора Мерк (Норвешка)
Десно крило: Натали Хагман (Шведска)
Пивот: Ивет Брокс (Холандија)
МВП на првенството: Стине Офтендал (Норвешка)