Најдобриот ракометен голман на сите времиња Тиери Омејер полека се подогтвува да стави крај на кариерата.
41-годишниот голман решил до крај да го испочитува договорот со ПСЖ, што значи дека наредната година ќе биде последна во неговата импресивна кариера.
Сепак Омејер нема да замине од ПСЖ бидејќи ќе остане да работи во клупскиот менаџмент.
Омејер во карерата бранел за Селеста, Монпелје, Кил и ПСЖ, за француската репрезентација настапил на 356 натпревари. Со франција има 10 златни медали од големите натпреварувања, пет од светските, две од европските првенства и три од Олимписките игри.