Top Sport

Парондо е меѓу номинираните за тренер на годината (Видео)

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) ги објави номинациите за најдобар тренер во 2019 година. Меѓу петмината номинирани се најде и Гарсија Парондо поранешниот тренер на Вардар.

Шпанецот во 2019 година му ја донесе на Вардар втората титула во Лигата на шампионите, а потоа ја презеде репрезентацијата на Египет.

Покрај Парондо ИХФ во категоријата најдобар тренер во машка конкуренција ги номинира: Николај Јакобсен (Рајн Некар, Данска), Кристијан берге (Норвешка), Мајк Макула (Фленсбург) и Дидие Динар (Франција).

Гласањето започна денеска на официјалната интернет страница на ИХФ, а ќе трае до 18 јули.

Scroll to Top