Тренерот на Вардар, Роберто Парондо им ја препушта фавориската улога на Барселона, во пресрет на соочувањето на двата тима во полу-финалето на завршниот турнир во Келн. Ваквата изјава не значи дека Парондо однапред се предава, напротив тој е оптимист и вели дека неговиот тим во Келн нема што да се загуби.
„Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на Ф4 турнирот. И не само поради квалитетот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта се пласиравме на Ф4 турнирот. Сега нема што да згубиме, одиме да играме и да се надеваме на добар резултат. Барселона има добра екипа. Тоа го знаеме сите. Вардар ќе се подготвува максимално за овој настап“, изјавил за клупскиот сајт Парондо.
Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан за 1 јуни.