Top Sport

Пасквал во Барселона до 2022 година

Ракометниот стратег Хавиер Чави Пасквал уште четири години ќе остане на кормилото на Барселона.

Пасквал ја предводи Барселона од 2009 година. Изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го напушти клубот поради селекторската функција во репрезентацијата на Романија. Сепак, Пасквал, ќе ги задржи двете функции.

Во јуни Романија со пасквал ќе и биде противник на македонија во баражот за пласман на Светското првенство.

Како тренер на Барселона Пасквал има освоено осум титули во Шпанија и две во Лигата на шампионите.

Scroll to Top