Top Sport

Пех за Веспрем и Данска – Се повреди Расмус Лауге

Веспрем го победи Кил во Лигата на шампионите, но остана без еден од своите клучни играчи, Расмус Лауге. Репрезентативецот на Данска ги повреди предните вкрстени лигаменти во коленото.

Повредата на Лауге ја потврди неговиот клуб Веспрем. Во кусото соопштение унгарскиот клуб информира дека Лауге ќе мора да биде опериран и дека му претстои повеќе месечна пауза.

Покрај за Веспрем, повредата на Лауге, претставува сериозен проблем и за данската репрезентација.

Лауге нема да игра на Светското првенство во Египет од 14. до 31.јануари.

Scroll to Top