Еурофарм Пелистер стигна до рутинска 28:21 победа над РК Пролет за пласман во финалето на Купот на Македонија, каде што во саботното финале ќе го чекаат подобриот од пресметката помеѓу Вардар и Алкалоид.
Битолчани започнаа силно, правејќи 6:2 предност, која до полувремето порасна на седум гола разлика (17:10). По оваа второто полувреме тимот на Александар Јовиќ рутински стигнаа до победата.
Цветан Кузмановски со седум гола и Костески со пет гола беа најефикасни а Пелистер, додека за Пролет, Палевски имаше шест гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер