Top Sport

Пенезиќ ѕвезда на ЕХФ, Лејно со Топ 5 одбрана (Видео)

Андреа Пенезиќ е една од трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионките. Хрватката го предводеше Вардар до победата 31:24 над Будуќност.

Пенезиќ во саботата постигна осум гола, а вкупно оваа сезона во Лигата на шампионките има постигнато 59 гола и ја предводи листата на најдобри стрелци во тимот на Вардар.

Останатите две ѕвезди на ова коло се голманката на Ростов Ана Седојкина и левиот бек на Мец Ксениа Смитс.

Потезите на трите ѕвезди на ЕХФ за ова коло може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Во редовниот избор кој ЕХФ го прави по секое одиграно коло се најде и голманката на Вардар, Амадин лејно, која има една од најдобрите пет одбрани во оваа рунда.

Најдобрите пет одбрани може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Scroll to Top