Ракометарките на Вардар, во саботата, триумфално минаа низ Будимпешта. Со победата над ФТЦ (28:29) го задржаа максималниот ефект по пет одиграни натпревари во Ц-групата во Лигата на шампионките.
Дуелот во Будимпешта го обележа хрватската репрезентативка Андреа Пенезиќ, која со осум гола беше најефикасна кај ЖРК Вардар. Еден од нејзините голови се најде на межу најубавите погодци во петтото коло.
Најубавите голови според ЕХФ можете да ги погледнете на следниот линк.
Исто така ЕХФ, најзаслужната за триумфот на ЖРК Вардар над ФТЦ, Пенезиќ, ја смести меѓу „Трите ѕвезди“ на петтото коло.
Кои се „Трите ѕвезди“ погледнете на следниот линк.