Top Sport

Петровиќ од ЖРК Вардар во Валчеа

Марија Петровиќ е последна од интернационалките во ЖРК Вардар што успеа да најде ангажман во друг тим по завршувањето на сезоната.

Петовиќ од наредната сезона ќе игра во романскиот шампионат во дресот на Валчеа. Ракометарката која е алтернатива за Цвијиќ на пивотменската позиција во ЖРК Вардар пристигна пред една година.

Вардар во наредната сезона ќе влезе со значително намален буџет, поради што девет интернационалки веќе најдоа нови клубови, а ќе си замина и Сара Ристовска во Крим.

Претходно дека го напуштаат клубот објавија: Хмирова и пенезиќ (Шиофок), Радичевиќ, Цвијиќ и Лекиќ (ЧСМ Букурешт), Лејно Ѓер, Лакрабер Флери и Кликовац Кишварда.

Scroll to Top