Top Sport

По лошиот почеток, Македонија губи со 14:16 од Тунис на полувреме

По многу лошиот почеток, во кој дозволивме противниците да стигнат до 0:5 предност, македонската ракометна репрезентација ја врати рамнотежата и заминува на полувреме со негатива од 14:16 од Тунис во меч со најсилниот противник во Президент купот.

На почетокот со малку концентрација, дозволивме Тунис да дојде до огромни пет гола разлика, која потоа полека ја стигнувавме како што течеше полувремето, за да пропуштиме шанса за израмнување при резултат 14:15.

Дејан Манасков со шест гола и Филип Кузмановски со четири се најдобри во тимот на Кирил Лазаров, додека Жалуз и Мараф имаа по четири гола за Тунис.

Scroll to Top