Top Sport

Почина легендата на шведскиот ракомет Бенгт Јохансон

Бенгт Јохансон, поранешен шведски ракометен репрезентативец, а подоцна и селектор под чие водство Шведска доминираше во европскиот и светскиот ракомет, денеска почина по долга борба со болеста.

Бенгт Јохансон е роден 1942 година и го носеше дресот на репрезентацијата од 1964 до 1972 година. 16 години, од 1988 до 2004 година, беше тренер на националниот тим со кој освои две светски првенства (1990 и 1998 година) и четири европски шампионати(1994, 1998, 2000 и 2002 година).

Во кариерата Јохансон со Шведска не успеа да стане олимписки првак. Три пати играше во финалето во 1992, 1996 и 2000 година и секогаш губеше.

Во последните години боледуваше од Паркинсонова болест.

Scroll to Top