Top Sport

Поповиќ ќе ги предводи Црногорките во Токио

Славната ракометарка Бојана Поповиќ е новиот селектор на репрезентацијата на Црна Гора. Националниот тим таа го презеде од Ким Расмусен. На почетокот на оваа сезона, Поповиќ, го презеде и тимот на Будуќност.

Во минатото една од најдобрите ракометарки во светот, шест пати ја освоила Лигата на шампионите, а со Црна Гора го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон 2012.

Црногорскиот сојуз, одлуката на местото на Расмусен да ја именува неговата асистентка Поповиќ, ја образложи со желбата, националниот тим да го предводат домашни тренери.

На клупата на Црна Гора, Бојана Поповиќ, ќе дебитира на 16.април, во првиот бараж натпревар за пласман на СП во Шпанија, против репрезентацијата на Белорусија.

Scroll to Top