Top Sport

Поразот на Барса од Вардар ја здрма Шпанија, „Марка“ пишува: Барса се распаѓа!

Ракометарите на Барселона вчера попладне со наведнати глави ја напуштија „Ланксес Арена“ во Келн по сензационалниот пораз што го претрпеја од скопски Вардар со 27-29.

Се случи пресврт каков што не памети ракометниот турнир во Келн. Чави Пасквал и неговите пулени не знаеја што им се случи во второто полувреме, поточно во последните 20-тина минути од мечот.

Тиражната „Марка“ се појави со моќен наслов. Моќен, ама за нашиот ракометен шампион:

„Барса се распаѓа, Вардар како црн ѕвер се враќа во финалето на Лигата на шампионите“.

Иако Каталонците долго време не можеа да дојдат на себе по загубеното полуфинале од Вардар во 2017 година, со голот на Лука Циндриќ во последните секунди од мечот, сега ќе имаат нов кошмар. Ќе треба да си објаснат што им се случи вчера и како успеаја да прокоцкаат предност од 7 гола.

Scroll to Top