Top Sport

ППД Загреб немоќен против Барселона

Ракометарите на ППД Загреб продолжија да нижат порази во Лигата на шампионите. Во деветтото коло ППД Загреб е поразен од Барселона 24:32 и остана на само два освоени бода и се уште е без победа во елитата.

ППД Загреб пред неколку дена го смени тренерот Касим Каменица, на неговото место дојде Златко Сарачевиќ, но ниту тренерската смена не донесе ништо ново во играта на хрватскиот шампион.

Барселона уште на почетокот покажа во која насока ќе оди натпреварот кога стигна до 4:0 и 6:1.

Барса во првиот дел имаше три пати предност од шест гола, а првите 30 минути завршија со 16:11.

Агресивната игра на Загреб му донесе серија од три гола и минус од два гола во 39.минута, кога Барселона повоторно го подигна ритамот со серија од четири гола повоторно ја врати разликата на шест гола 24:18. Веднаш потоа беше и 27:19, а на крајот 32:24.

Дика Мем и Валеро Ривера со по седум гола ја предводеа Барселона, додека кај Загреб шест гола постигна Жарко Марковиќ.

Scroll to Top