Германија според прогнозите со победа стартуваше на Европското првенство. Фаворитите за еден од медалите на отворањето ги победија дебитантите од Холандија 34:23.
Холандија во ниту еден момент не успеа да им парира на Германците, кои мечот го одиграа со пола сила и без капитенот Уве Генсхајмер.
Левото крило во 16 минута изведе седмерец, наместо голот тој ја погоди главата на Холандија, Барт Равенсберген.
Иако немаше никаква намера од Генсхајмер, според ракометните правила секој удар од седум метри кој ќе мине блиску до главата на голманот или чуварот на мрежата ќе го погоди во главата се казнува со црвен картон.