На денешен ден пред 18 години ракометарките на Кометал ЃП станаа шампионки на Европа. Кометал излегоа како победнички од двомечот со Херц со вкупен резултат 51:49. Херц во Унгарија го доби првиот меч со 27:25, а во реваншот во Скопје Кометал ЃП славеше 26:22.
Екипата до европската титула во реваншот ја предводеше Индира Кастратовиќ која постигна 10 гола.
Во сезоната 2001/2002 дресот на Кометал ЃП го носеа: Нацева, Дину, Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Будимир, Кисељова, Платон, Велкова, Андрушченко, Чупиќ, Калиниченко, Плошчинска, Златановска.