Top Sport

Прогноза на ЕХФ: Вардар нема да игра на завршниот турнир во Келн

По паузата поради Европското првенство вечерва продолжува сезоната во ракометната Лига на шампионите. Вториот дел од сезоната го отвораат германскиот великан Кил и европскиот првак Вардар.

Кил се лидери во Б-групата со 16 поени, два повеќе од Веспрем и четири од Кјелце. Вардар е шестти на табелата со девет поени (четири победи, пет порази и едно реми).

До крајот на фазата по групи остануваат уште четири рунди. Во пресрет на овие натпревари Европската ракоемта федерација (ЕХФ) излезе со нова прогноза околу фаворитие за пласман на завршниот турнир во Келн.

Според оваа прогноза во Топ 10 го нема бранителот на титулата Вардар. Од друга страна вечерашниот противник на црвено-црните, Кил, е втор фаворит.

Топ 10 фаворити за пласман на завршниот турнир според ЕХФ се: Барселона, Кил, Пик Сегед, Пари Сен Жермен, Веспрем, Кјелце, Порто, Монпелје, Динамо Букурешт и Бидасоа.

foto/rkvardar.mk

Scroll to Top