Трансферот на голманот на РК Вардар Калифа Гедбан во Адемар Леон нема да биде реализиран. Пред две недели шпанските медиуми објавија дека Алжирецот по завршувањето на сезоната, поради тешката финансиска ситуација во Вардар, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Шпанија.
Репрезентативецот на Алижир според Шпанците бил желба на тренерот на Адемар Леон Маноло Каденас.
Сепак преговорите помеѓу двете страни не завршиле успешно. Гедбан имал преголеми финансиски барања што Адемар Леон не сакал да ги исполнат поради што трансферот пропаднал.
фото/rkvardar.mk