Top Sport

Против Вардар не можат Загреб и Барселона, а не Динамо Панчево

Вардар рутински стигна до седмата победа во седмиот меч од регионалната Газпром СЕХА лига, победувајќи го српскиот тим Динамо Панчево со убедливи 42:32.

По големата победа на гости кај ППД Загреб, тренерот Раул Гонзалес се реши за комбиниран состав против српскиот тим, кој беше доволно силен да се заддржи стоотстотниот успех во СЕХА лигата.

Најрасположен за голови беше Мијајло Марсениќ со 7 погодоци од осум обиди, додека по шест гола ставија Жоан Кањељас и Иван Чупиќ. Креаторот на победата од ЛШ во Загреб, голманот Арпад Штербик доби поштеда, за Страхиња Милиќ да има 24 одбрани, а Даниел Ѓорѓески да заврши со 11 интервенции. Кај гостите најефикасен беше Стефан Шапоњиќ со осум гола, додека Александар Пилиповиќ додаде шест.

Ова беше совршена подготовка за „црвено-црните“ пред саботната пресметка со германскиот гигант Рајн-Некар Левен во Скопје.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top