Top Sport

Првиот меч на Вардар во СЕХА го гледале 700.000 луѓе!

Регионалната ракометна СЕХА-лига од оваа сезона се игра во нов формат, две групи со по шест клуба и еден учесник што доаѓа од далечниот Исток, Пекинг.

Токму со Пекинг е поврзана една неверојатна информација, која на панел-дискусија во Пореч ја открил директорот на СЕХА-лигата, Синиша Остојиќ.

Пекинг првиот меч во лигата го одигра во Скопје, против Вардар на 3 октомври. Мечот кој Вардар лесно го доби 37:23 имал неверојатна гледаност.

„Првиот меч на на кинескиот тим во нашата лига го следеле 700.000 луѓе, што за нас е неверојатен податок“, рекол Остојиќ.

фото/www.seha-liga.com

Scroll to Top