Ракометарите на Пари Сен-Жермен се со една нога на Фајнал фор турнирот и оваа сезона, откако на гостувањето во Полска славеа со 34:28 над Кјелце.
Високата разлика од шест гола обезбедена во одличен меч ја прави мисијата на полскиот шампион невозможна, така што Вардар ќе може да се подготвува психички за уште еден дуел со францускиот гигант.
ПСЖ ја направи клучната предност во првото полувреме, кое го доби со неверојатни 22:10. Абало, Карабатиќ и Хансен имаа по пет гола за ПСЖ, додека поранешниот вардарец, Алекс Душебаев имаше седум гола за Вива Кјелце.
Фото: ЕПА